Перо Антиќ на NBA All-Star

Гласајте за Перо Антиќ, првиот македонец во НБА лигата за да влезе во Ол стар натпреварот за оваа година!

Можете да гласате на официјалниот сајт на НБА лигата, Фејсбук, Твитер и Инстаграм. 

За Перо Антиќ ќе ни требаат околу половина милион гласови за да влезе на Ол стар натпреварот кој ќе се одржи на 16.02.2014 година во Њу Орлеанс.

Процедурата за гласање е следнава…

На NBA.com Перо Антиќ можете да го најдете во “(OPTIONAL) write in vote” листата. Регистрирајте се и изберете по 5 кошаркари од главната листа и Перо Антиќ во дополнителната листа (барајте го под буквата A – Antic, Pero, Atlanta).

На Фејсбук треба да коментирате под пост на официјална Фејсбук фан страна на тим или на НБА лигата, а коментарот треба да содржи “#NBABallot Pero Antic”.

На Инстаграм објавете слика со коментар кој содржи “#NBABallot Pero Antic”.

На Твитер твитнете “#NBABallot Pero Antic”.

Гласањето трае до 21.01.2014 година, а секој ден можете да гласате за 10 различни кошаркари.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија