СПОРТСКИ КАЛЕНДАР ЗА 2018

ПЕЛИСТЕРКА – ВОДА ЗА НАЈДОБРИ

Компанијата Пелистерка која што зад себе има 64 годишна историја и традиција на македонскиот пазар, 9 години по ред за своите промотивни цели изготвува годишен календар. Следејќи ја својата мисија, поддршка на спортот во секој облик, годинава компанијата одлучи дванаесетте месеци за 2018 година да ги одбележат 12 македонски спортистки од најразлични спортови.

Имено, станува збор за девојки кои што во своите спортски дисциплини, забележале исклучителни резултати. „Идејата на календарот годинава е да покажеме дека имаме македонски жени спортистки кои што се силни, истрајни, храбри, убави и најдобри во тоа што го прават. Затоа и мотото годинава е Пелистерка, вода за најдобри!.

Ги одбравме, според нас, најдобрите во својата област. Овие 12 девојки се синоним за сила за моќ за успеси. Дисциплинирани и истрајни во она до што се стремат да стигнат, нашата компанија годинава само ќе им биде ветер во грб. Соработката со нив не завршува со календарот. Ќе се дружиме со сите нив низ сите нивни спортски походи и во иднина„ – изјави Тања Панделеска маркетинг директорка на Пелистерка.

На календарот за 2018 година свое место најдоа: Берна Шерифовска – џудистка, Наташа Андонова – фудбалерка, Едина Муса – кошаркарка и боди фитнес, Дрита Ислами – атлетичарка, Леана Таки – триатлонка, Милјана Ристиќ – маратонка, Елена Чуркоска – кајакарка, Катерина Николовска – велосипедистка, Стефани Тодорова – кик боксерка, Ивана Јанкова – одбојкарка, Марија Божиновска – фитнес билдерка, Нина Ѓорѓевиќ – каратистка.

Сите овие девојки зависно од дисциплината, досега се натпреварувале на европски и светски првенства. Дел од нив стигнале и до Олимпијади. За неколку имиња на девојките од Пелистерка календарот, слушнал и светот. Се вбројуваат помеѓу првите три во својот спорт на светско ниво.

Екипата која што се потпишува зад календарот и оваа година покрај тимот на Пелистерка е: Фотографија Ани и Дими, стајлинг Јована Зука, мејк ап артист Зоран Шурбевски, Анита Гај графички дизајнер и Света Богова Јовановска проект менаџер.

Целиот календар погледнете го тука.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија