Патиката креирана во фабрика за прслуци

Каде го добиваш ултимативниот анатомски и ергономски фит на една патика? Според Under Armour во фабрика за градници.

Новата патика дизајнирана од Under Armour го дефинира моментот со размислување „надвор од кутијата“. Дизајнерите беа доволно паметни да ја напуштат фабриката за патики и да погледнат малку во секторот на произвотство на градници за нивните следни патики.

Поради фактот што фирмата Playtex (инаку гигант за градници, гакички и панталончиња) го доби договорот со НАСА за тие да ги изработуваат следните вселенски костуми за Аполо мисиите, UnderArmour сфатија дека компаниите за прслуци знаат сè за удобност, а UA Speedform патиките се првите кои ќе го добијат овој бенефит. 

Тие ја имаат првата „чашка“ (heel cup – сегментот кај петата) направена во фабрика за градници која треба да даде перфектен ергономски ефект за секоја петa која што тие ја нарекуваат „Светиот Грал на удобноста“. Овде можете де ги видите сите останатите спецификации на патиките. 

Ќе стартуваат со продржба на крајот од овој месец со цена од 120 долари.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија