Во духот на Дакар
Дакарот кој беше извозен на Веспа
Низ историјата на можеби најпознатото off-road рели во светот постојат бројни интересни случки и збиднувања, а можеби едно од најинтересните е пустинската приказната на четворицата Французи и нивните италијански „оси“. Погледнете до каде може да оди љубовта и потребата за авантура.
Група од четворица француски мотоциклисти предводени од Jean-Francois Piot на релито Парис – Дакар во 1980тата година одлучуваат да се појават меѓу останатите 211 возила на нивните Веспи. Прилично храбар избор на возило со оглед на самиот варварски дух на релито и конструкцијата на италијанските моторчиња.
Без разлика на сè, момците тргнуваат на авантурата возејќи од Франција до Сенегал, поминувајќи 7 држави и 10,000km на брутален терен на нивните Веспа ПХ 200ки. На 23ти Јануари двајца од овие возачи M.Simonot и B.Tcherniawsky ја поминуваат целната линија во Сенегалскиот главен град заедно со 79 други натпреварувачи. Останатите двајца не успеваат да го завршат релито, но и покрај тоа Веспата успева да извади просек од 50% успешност што не е за потценување.
Погледнете дел од фотографиите.