Уште еден брзински рекорд на Ел Капитен

Падна и женскиот рекорд на „Носот“

На 29 септември оваа година, Меин Смит-Гобат (Mayan Smith-Gobat) од Нов Зеланд и американката Либи Соутер (Libby Sauter) поставија нов рекорд за брзинско искачување на женска наврска по насоката „The Nose” на Ел Капитен.

Меин Смит-Гобат (34) од Нов Зеланд и американката Либи Соутер (Libby Sauter) сега го држат новиот рекорд за брзинско искачување на женска наврска по насоката „The Nose” на Ел Капитен. Девојките ги поминаа неговите 31 цуг за 5 часа и 39 минути, подобрувајќи го претходното најдобро време за за повеќе од 1 и пол час.

По сè изгледа дека Меин Смит-Гобат има намера на воспостави нов стандард во женските брзински искачувања на „Носот”. Откако таа се вклучи во овој „натпревар”, женскиот рекорд беше намален за цели четири часа. Исто така, оваа есен таа направи повеќе големи достигнувања во Јосемити, вклучувајќи слободно искачување на „Носот”, верижно искачување на Ел Капитен и Халф Доум во слободен стил, и уривање на брзинскиот рекорд на „Носот” во мешана наврска.