Наслов

Означи го Водно!

Ако ти звучи убаво да учествуваш во означувањето на планинарска патека на твоето Водно слободно кликни тука. 

Наредниот месец на 14ти невладината SWTA Македонија и Младинскиот совет при Американската Амбасада во Скопје преку нивната иницијатива YANA (You are not alone) имаат намера да реализираат проект во кој ќе се обележи планинарската патека од Пржино до Милениумскиот крст преку Марково крувче на планината Водно. 

Како дел од одбележувањето на 9/11, денот на денот на сеќавање и служба овој проект ќе биде во духот на помошта, волонтирањето и правењето на мали акции за заедницата во која живееме, но за таа цел потребно е да се обезбеди скромна сума на финансии.

Водно е местото кое што секојдневно нуди простор за рекреирање и активен дух на сите граѓани, но тоа е во недостаток на коректно маркирани патеки, па затоа кампањата има намера да ги собере потребните парични средства за маркирање на еден сегмент од целата планина. 

Па ако имате желба за донирање во поубаво место за Ваше живеење, движење и уживање, линкот е ТУКА. А ако ја надминеме сумава, останатите средства ќе бидат искористени за маркирање на Водно-Матка, уште една од прекрасните планински патеки на наш дофат.

20 Август 2014

За авторот