Овој викенд возиме низ „Мистериите на Беласица”

Овој викенд на 25 и 26 јуни Велосипедскиот Клуб „Актив” од Струмица организира дводневни активности во прекрасната природа на планината Беласица. На репертоарот се нудат велосипедски тури, посета на историски места, уживање во познатите водопади на Беласица и искачување на највисокиот врв Тумба. 

За сите оние расположени за дводневна дружба, фестивал на отворено и кампинг, поаѓањето е на 25.06.2016 од селото Банско во 9 и 30 часот каде опремата на учесниците ќе биде пренесена со возила до планинарскиот дом Шарена Чешма. Велосипедистите пак, возат преку водопадите над с.Колешино и с.Смоларе, Мокринските извори до Планинарскиот Дом Шарена Чешма. 

Во домот ќе биде локализиран главниот настан со повеќе активности на отворено, а веќе наредниот ден ќе се вози до највисокиот врв на планината – Тумба 1881м.н.в. откаде учесниците ќе се вратат во селото Банско. Вкупната должина на турата е 75 километри. 

За оние кои ќе дојдат само во недела 26.06.2016 организаторот обезбедува „Мала велосипедска тура” која стартува од селото Смолари во 9 и 30 и оди до врв Семер Кајас (највисока точка на турата) откаде се враќа во Смолари со должина од 33км. Оваа тура се класифицира како средно-тешка тура. 

Сите дополнителни информации за пријавувањето, цената на пакетите и деталите во истите можете да ги најдете тука

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија