Аутдор активности – обични или специјализирани обувки?

Во Република Македонија спортовите во природа секоја година се во сè поголем подем. Младината ги отфрла пороците, и почнува со практикување на вакви активности. Не постои човек на планетата, кого оваа информација нема да го израдува.

Најчесто почетниците во аутдор спортовите ги користат старите и излитени патики како би се качиле на некој од нашите прекрасни планински врвови. Многу често, добиваме прашања од типот „Зошто планинарски обувки”, „Не можеме ли да ги користиме старите патики за фудбал и кошарка”? Секако дека можете, меѓутоа, треба да знаете дека тие патики, и кога би биле нови, би ве изложиле на ризик од повреди. Зошто?

  • Патиките кои се наменети за спортови како кошарка, фудбал, трчање, се дизајнирани за рамни површини, кога вие не носите тежина во вашиот ранец. Разликите се во ѓонот, меѓуѓонот, самата конструкција на надворешноста и внатрешноста на патиката, дизајнот на врвците, заштитата на прстите, петата и подршката на зглобот. Кога би почнале од ѓонот на патиките, можеме да кажеме дека кај планинарските обувки, ѓоновите се поцврсти и поделебели, а тука е и поцврстиот меѓуѓон. Така се дизајнирани, за да ги амортизираат ударите од нерамнините на кои ние наидуваме, така што нашите стапала, при подолги релации нема брзо да се заморат.
     
  • Конструкцијата околу зглобот и висината на самата обувка, игра улога за тоа каков и со која тежина ранец на грб ние ке носиме. За пократки терени, со помала тежина на ранец, би облекле пониски патики, или обувки со средна висина кои се поеластични, но доколку сакаме да одиме на подолга планинарска тура, каде во ранецот нема да носиме само една маица за пресоблекување, во тој случај треба да облечеме повисоки и поцврсти обувки, кои би го заштитиле зглобот и би дале поголема стабилност.

Професионалниот италијански бренд SALEWA, за таа намена го создал 3F системот, чиј дизајн овозможува висока заштита на нашиот зглоб, но и слобода на движење напред и назад.

Тука мора да се споменат и ѓоновите од брендот VIBRAM, кој повеќе од 75 години се грижи за сигурноста на нашиот од. Ѓоновите од брендот VIBRAM, се најкористени кај планинарските обувки. VIBRAM произведува голем број на различни ѓонови, помеки, поцврсти, полепливи се со цел да ги задоволат потребите на Outdoor професионалците и авантуристите.

Кај нас во Scout Оutdoor Shop освен италијанскиoот бренд Salewa, обувки за планинарење, можете да најдете и од реноминираниот германски бренд Jack Wolfskin, бренд кој е еден од најпознатите во светот на планинарењето. Опремата од овој реномиран германски бренд, често можеме да ја забележиме кај професионалните планинари, на највисоките светски планински врвови.

Ќе го споменеме и планинарското трчање, кое во последно време во нашата земја зема се поголем замав. Како и кај планинарските обувки, така и кај обувките за планинско трчање, дизајнот игра голема улога. Конструкцијата, цврстината и дизајнот на ѓонот, како и меѓуѓонот на DYNAFIT обувките за планинско трчање, ке се погрижат да поминете километри и километри трчајки низ преубавата македонска природа, а без притоа да се повредите.

При избор на вашите обувки, треба да обрнете внимание и за нивната големина. Никогаш немојте поради одредено намалување да купите пола или еден број помали обувки.

Доколку сакате да ги заборавите сите ваши останати проблеми, носете помали обувки. -The Houghton Line, November 1965.

Повелете во Scout Outdoor Shop, нашите вработени ке се погрижат секогаш да го направите правилниот избор на планинарски обувки, кои ке ви овозможат уживање во убавините на природата и планинските врвови.

Опремата на вас, и се гледаме на некој од нашите преубави планински врвови. 🙂