Отварање сезона на првата генерација македонски телемарк скијачи

Првата генерација македонски телемарк скијачи посетија уште еден телемарк курс на рано забелените Доломити во Вал Сеналес, Италија од 26 до 29 Ноември.

По минатогодишниот телемарк настан во Македонија, најпасионарите македонски телемарк скијачи Зоран и Јорданчо од Ресен како и Александар Филдишевски од Охрид заедно со телемарк пионерката Илина Арсова, ја отворија телемарк сезоната во Италија овој викенд во друштво на стотина телемарк скијачи од цела Италија.

На 27 Ноември во рамките на вечерната програма на #Telemarkopening 2015 Илина Арсова и Ванеса Беучер имаа своја презентација од фрирајд  искуствата во Иран (Март 2015), а Илина го споделии најсвежото доживување за искачување и скијање на врвот Мера 6476м во Непал, од каде директно дојде во Италија.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија