Откриени се вистинските опасности на мрзеливоста

Експертите сметаат дека пасивноста е водечка причина за прерана смрт. Една нова мапа, создадена од “The Conversation“, ги открива вистинските штети што може да ги предизвика недостатокот на физичка активност.

Двајца Австралиски научници анализирале неколку различни студии за да се откријат вистинските опасности што ги демнат пасивните луѓе.

Ако одберете да гледате некоја теле-новела на ТВ, наместо да се прошетате во парк имате зголемен ризик да бидете добиете Алцхајмерова болест за 13%.
Исто така, се зголемуваат шансите да добиете мозочен удар (37%), дијабетес тип 2 (70%) и срцев удар (82%)… за жал, процентите се многу високи.

И не заборавајте дека пасивноста го зголемува ризикот за рак на белите дробови, рак на дојка, црн дроб, желудник, мочен меур или панкреас, велат професорите
д-р Тим Олдс и Керол Махер од Универзитетот на Јужна Австралија.

Мрзеливоста не влијае само врз физичкото здравје на човекот. Претходни студии покажале дека возрасните луѓе кои не прават физички вежби имаат 90% ризик да страдаат од депресија, а дури 54% од нив може да извршат и самоубиство.

Мапа