Осум медали за нашите БЏЏ борци на силниот турнир во Загреб

Иако македонската БЏЏ репрезентација на турнирот East Europe BJJ Open во Загреб отиде во редуциран состав од само осум борци, тие успеаја да освојат вкупно осум медали. Доволно за целосна почит со оглед на нашата ослабена екипа и навистина силниот турнир. 

Отидовме со мала екипа составена од 8 натпреварувачи на силниот турнир во бразилска џиу џица East Europe BJJ Open во Загреб, Хрватска во организација на Хрватската Федерација за БЏЏ. Учествуваа на 350 натпреварувачи од многу земји во Европа. Турнирот традиционалано се одржи во големиот трговски центар West Gate и со тоа се издвојува од останатите турнири во регионот.

Освоивме:

– 2 златни медали: Никола Костадиновски и Аце Брсакоски;

– 4 сребрени медали: Алексовски Ивица, Александар Заткоски и две медали освои Менка Стојаноска (во категорија и во апсолутна);

– 2 бронзени медали: Андреј Петрушевски и Ненад Ристевски.

Со 8 борци освоивме 8 медали што е за респект.

Следна цел ни е турнирот во Ниш кој се одржува на 9 март 2014 година каде што минатата година бевме Први во тимското натпреварување.

Во продолжение погледнете две борби од турнирот, финалето во кое победи Никола Костадиновски и полуфиналето кое го доби Менка Стојаноска

ФИНАЛЕТО КОЕ ГО ДОБИ НИКОЛА 

ПОЛУФИНАЛЕТО НА МЕНКА