Наслов

Одржано првото издание на „Скопје трча 10КМ”

Околу 900 натпреварувачи го исполнија булевар „Илинден" за Скопје трча 10КМ (Skopje Run 10K). Атмосферата беше исполнета со радост, забава и фер натпревар кој дефинитивно го одбележа спортскиот начин на живеење во Скопје.

На Скопје трча 10КМ во машката трката од 10 километри прв заврши Дарио Ивановски со 30:55 минути, втор беше Муса Хајдари со 32:28 минути, трет беше Атанас Анчевски со 33:48 минути. Од женските прва беше Греса Бакрачи, со 40:04 минути, второто место го зеде Весна Кираџиева со 41:32 минути и на третото место заврши Биљана Кираџиева со 43:14 минути. Воедно, и 4то и 5то место земаа награди.

Од штафетната трка најдобри беа 091 RUNCRW со 37:20 минути, по нив Pat & Mat со 37:21 минути и трети завршија Liria со 38:24 минути.

По трката и на првите три според категорија на возраст од 35 до 44 години, од 45 до 54 години и над 55 години им беа доделени дипломи. Воедно, спонзорите на Скопје трча 10КМ во лотарија доделија подароци на сите кои беа избрани по случаен пат.

Сите учесници по трката може да ги симнат своите фотографии од http://skopje.run преку специјалната апликација Pic2Go.

Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб Работнички и Атлетската федерација на Македонија и тие очекуваат Скопје трча 10КМ да прерасне во традиционален настан.

Генерален покровител на Скопје трча 10КМ е Агенција за млади и спорт, помогната од официјалните партнери и спонзори. Оваа трка е дел од календарот на Атлетската федерација на Македонија (АФМ) и Европската атлетска асоцијација (ЕАА), а од следната година предвидено е да стане член на Меѓународната асоцијација на маратони и улични трки (АИМС).

09 Октомври 2017

За авторот