Одобрено воздушното перниче за скијачите на светскиот куп

Од овој јануари сите скијачи кои ќе се натпреваруваат во Светскиот Куп во алпско скијање ќе имаат можност да го носат новиот систем на воздушно перниче кое ќе ги заштити при евентуален пад на пистата. 

Системот на воздушно перниче D-AIR®SKI е во производство на Даинесе, италијанската фирма која со ФИС има склучено договор за овој систем уште во 2011 година, а овие години работеше на модификациите и на прототипите на овој продукт. 

Се работи за заштитно прениче кое што се носи на торзото на натпреварувачот и се надувува во случај на пад при што треба да спречи некои од поголемите повреди на телото. Иако опремата е незадолжителна, од ФИС се надеваат дека натпреварувачите ќе го користат мноштвото натпреварувања. 

Еве кратко видео од еден тест на системот

До декември системот ќе се користи само во тренинг сесиите на скијачите, а предвидено е за прв пат во официјална трка да се искористи во женскиот спуст во Бад Клаинкирхајм во Австрија на 10 јануари, а во машка наредниот викенд во Венген, Швајцарија.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија