Одличен почеток на годината за ,,УНИВЕРЗАЛЦИ’’

Наслов

Одиме со висок морал и големи очекувања

На свечената манифестација, доделувањето награди за најдобрите боксери за 2015 година од страна на БОКСЕРСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА, членот на боксерскиот клуб „УНИВЕРЗАЛЦИ”, Марко Стојаноски беше прогласен за најдобар и најперспективен боксер за 2015 година во Република Македонија.

Марко Стојаноски за да стигне до ова признание заедно со тренерот Васко Цубалевски пролија многу капки пот во салата, но и ги победија и надитрија сите противници кои им застанаа на патот на државното првенство и на меѓународниот турнир во Тетово.

Марко на државното првенство се закити со златниот медал и стана државен првак на Република Македонија, а на меѓународниот турнир во Тетово ги бранеше боите на својата држава и повторно заедно со својот тренер направија извонреден успех и не само што Марко го освои златниот медал, туку беше и награден со пехар за најперспективен боксер на турнирот .

Многу стручњаци од оваа боречка бранша најавија голем подем и замав на ова дуо Цубалевски - Стојаноски, продолжуваат со напорни тренинзи и припреми за наредните битки кои им следуваат оваа година! Боите на боксерскиот клуб „Универзалци” ги бранат и попознатите боксери како што се: Костадин Пешовски, Благоја Давитковски, Гавро Огњановски, Александар Давитковски, Александар Тренчевски, Александар Танчовски, Славе Гроздановски и други.

Сите тие веруваат во својот тренер кој им ги открива тајните на оваа племенита вештина и велат дека ќе земат огромен замав за да ги одбранат боите на Македонија и ќе ја кренат на највисоките места во светот !!!

01 Февруари 2016

За авторот