Одбојка под Исарот

Одлична организација од страна на Штипјани, супер посетеност и гужва на трибини, а како главни актери млади девојки и момци кои со жар го играат слаткиот летен спорт. Сето ова на вториот Балкански шампионат во одбојка на песок што се одржува во градот под Исарот. Ако случајно нешто утнавте, еве стимул за да ги посетите полуфиналињата и финалињата кои ќе се одржат денеска.

Бидејќи тимот на нашиот портал во целост ги подржува ваквите одлични спортски настани и збиднувања кои имаат за цел зголемување на популарноста на спортот и промовирање на здравиот животен стил, ние бевме таму и решивме да снимиме мало видео.

На шампионатот настапуваа претставници под 22 години од Македонија, Романија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Молдавија. 

Македонија ја претставуваа женските двојки Бисера Ристовска – Бојана Клопчевска (МКД 1) и Вики Велкова – Викторија Михајлова (МКД 2), а кај мажите настапија  Александар Атанасовски – Александар Манасиевски (МКД 1) и Борјан Давчев – Гордан Јорданов (МКД 2).

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија