Екологика

Од каде те грее сонцето

Горди сме на нашето сонце, но колку го користиме?

Од екологична перспектива, кај нас нема поголеми патриоти од оние кои ја користат енергијата на македонско сонце, нашиот неисцрплив ресурс кој ни дава толку многу енергија секој ден, но за жал енергија која многу малку ја користиме.

Како што секое дете со лупа во рацете, експериментирајќи со сончевите зраци ќе ти каже „мораш да го погодиш аголот..“, така ние возрасните мораме за да почнеме да го користеме сонцето, најпрвин треба да знаеме од каде и колку време ни свети, и како нашите кровови, ѕидови и прозорци на домот се поставени во однос на сончевите зраци.

За среќа некои паметни луѓе убаво ја стокмиле оваа проблематика во многу лесна алатка за сите нас:

Клик на долната слика >>

Suncalc е мала апликација која го покажува движењето на сонцето и неговите фази (изгревање, заоѓање, самрак итн.) во текот на денот врз одредена локација на даден датум. Во суштина, апликацијата ве информира за делот од вашето живеалиште кој е најмногу огреан од овој „непресушен“ извор на енергија. 

Сврти нова страница на македонската сторија, провери од каде те грее сонцето и почни да го користиш, бесплатно е…