Нови спортски дисциплини на програмата на Олимписките игри ТОКИО 2020

Нови измени (спортски дисциплини) се пред усвојување да бидат вклучени во програмата на Олимписките игри ТОКИО 2020.

Тоа се спортовите како триатлон (мешано екипно), велосипедизам (BMX), бокс, кајак и веслање (нови дисциплини за жени), дигање тегови, атлетика (пр.4х400 м. мешано мажи и жени), кошарка 3х3, пливање (пр.4х100 мешано за мажи и жени), спортско стрелаштво (мешано мажи и жени), стреличарство (мешано мажи и жени), мачевалство (екипно), триатлон (мешано мажи и жени), џудо (мешано екипно – мажи и жени), борење-слободен стил (повеќе категории за жените), едриличарство (нови класи), ватерполо (намалување на бројот на ватерполисти во екипата), пинг-понг (мешани парови). Исто така, вкупниот број на спортисти на ОИ ќе се намали за околу 300 и ќе изнесува 10900 додека бројот на спортски дисциплини ќе се зголеми на 321 (306 во Рио).
Бројот на спортски дисциплини се зголемува (+15 во однос на Рио), а бројот на спортисти се намалува (-285), конкуренцијата е се посилна.
Нови спортски дисциплини:
Пливање – 800 метри мажи и 1500 жени како и 4х100 метри мешано мажи и жени
Стреличарство – Мешано екипно
Атлетика – 4х400 метри мажи и жени
Кошарка- 3Х3 мажи и жени
Бокс – две машки категории се заменуват со две женски
Кајак – три машки дисциплини се заменуват со три женски
Велосипедизам – BMX Слободен стил (мажи/жени)
Велосипедизам – патека мешано (мажи/жени)
Мачевалство – мажи/жени – екипно
Џудо – Мешано екипно за мажи/жени
Веслање – една машка дисциплина се заменува со една женска
Едрење – промена на една дисциплина
Спортско стрелаштво – три машки дисциплини се заменуват со три мешано (мажи и жени)
Пинг понг – Мешани парови
Триатлон – Мешано екипно
Дигање тегови – намалување на една една тежинска категорија за мажи.