Нови регулации за тоа колку треба да нанате

Американската национална фондација за спиење ги објави новите регулации за потребната доза на сон за различни возрасни групи па си рековме, ако тие го направиле тоа за нивните луѓе, зошто да не одговара и за нашите.

Факт е дека голем дел од популацијата не оддава доволно време за еден од најважните процеси во човечкото постоење – сонот, иако тој е исклучително важна компонента од нашето секојдневие – само тргнете од тоа што во просек поминуваме по третина од денот во оваа состојба.

Квантитативното непочитување на потребите на организмот за сон може да доведе до разно разни состојби како покачување на телесната тежина, депресија, намалено ниво на концентрација и работоспособност и други непријатни ситуации за вашето битие. Од друга пак страна, и спиењето повеќе од тоа што треба не е на арно. 

Еве колку е тамам според новите регулации во САД:

  • Новороденчиња (0-3 месеци) – 14 – 17 часа
  • Бебиња (4-11 месеци) – 12 – 15 часа
  • Мали деца (1-2 години) – 11 – 14 часа
  • Деца во предшколска возраст (3-5 години) – 10 – 13 часа 
  • Деца во школска возраст (6-13 години) – 9 – 11 часа
  • Пубертетлии (14-17) – 8 – 10 часа
  • Младинци (18-25) – 7 – 9 часа
  • Возрасни (26-64) – 7 – 9 часа 
  • Стари луѓе (65 и постари) – 7 – 8 часа

Иако се вели дека новиве регулации се многу малку изменети во однос на старите (со минимално додавање на нови старосни групи и ситни претумбации), убаво е да се знае колку точно сон ви е потребен во еден ден. Дополнително вие ќе треба да се погрижите за квалитетот на сонот бидејќи и таа е ако не и поважна од самите часови. 

Сигурно ќе ве интересира – СПИЈАМ, ЗНАЧИ ПОСТОЈАМ

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија