Нова насока на Матка – „Млади Старци”

На ден 11.10.2017 на Матка, заедно со Зоран Мајсторски искачивме нов смер во централниот дел на карпата поточно во средината, помеѓу смеровите Козина и APB.

Смерот е со тежина VII / VII+ во пракса, кога ќе се искачи уште еднаш (повтори) може да претрпи мала измена во тежината или да остане истата.

Новиот смер доби име „Млади Старци” бидејќи и двајцата сме по 40 години и кога ќе погледнеме наназад на едно од нашите најтешки искачувања – исто така нов смер на Солунска Глава на Нежилови стени кога бевме по 20 години, очигледно сега сме во некоја златна средина или млади старци.

Смерот на Матка го искачивме за 8 часа, инаку пред 2 месеци искачивме една од најтешките класики на Јулиските Алпи – Смерот Ашебренер VI 800m.

Ништо не е случајно. Во 2016 година го повторивме и смерот К4 на Матка кај „Иглите”.

Качувањето го гледаме како дел од нашиот живот и гледаме во него да има забава, дружење, чесност и естетика.