Наслов

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА МОК - РАЗВОЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ СПОРТСКИ СИСТЕМ ВО БОРЕЊЕ

Макдонскиот олимписки комитет (МОК) на барање на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), обезбеди и целосно финансиски ќе ја покрие едногодишната програма која е одобрена од Обединетото светско борење (UWW) и од страна на Меѓународниот олимписки комитет (IOC), наречена "РАЗВОЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ СПОРТСКИ СИСТЕМ ВО БОРЕЊЕ".

Оваа програма ќе ја води истакнатиот светски експерт по борење, г-динот Кирил Ватев од Бугарија. Тој со македонските тренери ќе работи во однос на подобрување на комбинираните технички карактеристики и активности во борењето, изградба и потенцирање на основните индивидуални карактеристики на борењето, на откривање, селекција, идентификација и привлекување на млади таленти во борењето, креирање и развој на Национална стратегија во борење, микро и макро планирање на тренажниот процес за борачи пионери, кадети, јуниори и сениори и многу други теми од интерес за соодветен и долготраен развој на борењето.

Оваа програма ќе биде и е отворена за сите борачи, борачки клубови и силни боречки имиња од минатото кои македонското борење ги имало во изминатиот период и кои сакат да придонесат борењето повторно да ги завземе врвните позиции на светско ниво, позиции кои треба да се заслужат со квалитетна и напорна долгорочна работа.

Повеќе на линк: https://www.youtube.com/watch?v=0E637dHYtiU&feature=youtu.be

10 Октомври 2017

За авторот