Норвешка ја батали Олимпијадата

Осло, градот кој беше еден од најсериозните кандидати во трката за домаќин на ЗОИ во 2022 година го откажа своето присуство во изборот со образложение дека Игрите се премногу скапи.

Главниот град на Норвешка е последниот од низата градови кои се откажаа од трката за избор на домаќин на ЗОИ 2022 година, а моментално на листата остануваат единствено Бејџинг и Алмати од Казакстан. Претходно, од изборот отстапија и серија на други големи градови како Стокхолм, Краков, Киев, Ст. Мориц и Минхен. 

Образложението на владата на Норвешка за ваквата одлука е загриженоста дека Игрите се премногу скапи поучени од неверојатните 51 милијарда долари кои беа потрошени од страна на Русија за Сочи 2014 година. Анкетите покажаа дека повеќе од 50 проценти од норвешкото население е против учеството во изборот за домаќин на Игрите. 

Од останатите во изборот, доколку Бејџинг ја добие трката ќе стане прв град кој ќе биде домаќи на едни летни и зимски олимписки игри, но спорет недостатокот на блиски планински масиви во близината го прави непогоден за домаќин. Алмати пак, најголемиот град во Казакстан и престолнина до 1997 година, се наоѓа во близина на планински венец и веќе има искуство со одржување на Зимските Азиски Игри во 2011 година. 

Изборот ќе се одржи во Куала Лумпур на 31 јули 2015 година. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија