Незгодна кајакарска ситуација со среќен крај

Оваа незгода случајно е фатена на камера кога седум пријатели отишле на зимско зезање со кајаци на реката Лин во Девон, Англија. Но уживањето им прекинува кога еден од нив се заглавува вертикално на еден брзак со главата надолу… Тогаш останатите реагираат брзо и го спасуваат од трагичната ситуација. Па за што се пријателите?

Реален потсетник дека природата е непредвидлива и дека секогаш треба да имате соодветна опрема за спортот што го правите, соодветно познавање за спасување и секако добри пријатели што знаат што прават.