Неуништлив ранец

Во услови кога светските производители на ранци се копираат меѓу себе, фокусирајќи се на тренд и дизајн, SlingFin создаде издржлив и иновативен ранец наречен Honey Badger, погоден за било каква спортска авантура.

Honey Badger е супер цврст водоотпорен ранец, дизајниран за сите надворешни активности, вклучувајќи планинарење, велосипедизам и сл. Направен е од материјал отпорен на абразија, и функционира како ранец, торба за опрема или како торба за велосипед. За тоа колку е отпорен овој ранец  говори и фактот дека има преживеано екстремен тест за издржливост. Влечен е со автомобил со 100 километри на час, фрлен е од 366 метри височина а има преживеано уште многу други предизвици. 

Погледнете ја издржливоста на неверојатниот Honey badger!