Непал забранува соло искачувањa

Со намера да ја зголемат безбедноста на планините и да го намалат бројот на несреќни случки, владата на Непал ја усвои забраната за соло искачување на нивните планини, како и забрана за искачување на слепи лица и лица со некои физички пречки што наиде на негативни критики. 

Со почетокот на новата година, властите во Непал донесоа нови закони кои забрануваат соло движење на планинари по нивните планини, вклучувајќи го и Еверест. Во изјавата на одговорните власти се вели дека забраната е донесена поради зголемување на безбедноста на планините и без разлика на искуството на планинарите, тие мора да бидат придружувани од планински водач. Се очекува оваа одлука да отвори повеќе работа за непалските планински водачи. 

Непал со огромниот број на хималајски врвови на годишно ниво привлекува илјадници алпинисти и високогорци кои се заинтересирани за искачувања, а индустријата преку дозволите за искачување, плаќањето за престој и носачи (шерпаси) носи огромен приход на државата. 

Планините во Непал се уникатни и за планинарите е секогаш подобро да одат со водачи”, вели Санта Бир Лама, претседател на Непалската Планинарска Асоцијација. 

Забраната се очекува да стапи во сила од оваа пролет, а покрај соло искачувачите, властите ставија забрана и за слепите лица и за оние со физички пречки што наиде на голем револт и беше толкувано како дискриминаторски потег. 

Во 2015 година, истотака, беше најавено дека ќе се воведе рестрикција за одредени планинари кои немаат доволно искуство. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија