Тензинг Норгеј ја доби својата планина, но на друга планета

Плутон ни се насмевна пред минатата недела преку сателитот “Нови Хоризонти”, сега една од замрзнатите планини си има и свое име…

Кога Шерпата Тензинг Норгеј, заедно со Сер Едмунд Хилари за прв пат стапна на кровот од светот во 1953, не ни претпоставуваше дека неговото име еден ден ќе краси и планина од мраз на околу 30 светлосни години подалеку.

НАСА изминатата недела за првпат направи снимка одблизу на Плутон и откри дека во екваторијалниот дел од оваа далечна планета има голем планински масив составен од повеќе млади планини високи и до 3,500 метри. Неколку дена подоцна тие објавија дека масивот ќе биде крстен токму по еден од двајцата први планинари кои стапнаа на Еверест во 1953 година, Тензинг Норгеј со Сер Едмунд Хилари. Планините се наречени Норгеј Монтес (Планините Норгеј). 

Фамилијата на првиот Непалец чие име ќе осамне во Соларниот Систем како и непалската јавност се презадоволни од овој потег на НАСА и веруваат дека ова ќе има големо влијание врз туристичкото промовирање на ова земја ширум светот. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија