Непал ќе сефтосува 165 девствени врвови

Непалската влада одлучи да дозволи искачување на меѓународни експедиции на уште 165 врвови од нејзиното планинско богатство.

Непалците дадоа зелено светло за новиот залак за жедните авантуристи и алпинисти, за оние кој висината и земјите од хималајскиот венец се зависност без која животот не би бил толку возбудлив.

Грото од врвовите се до пет илјади м.н.в, има дванаесет седумилјадарки и една осумилјадарка. Во Непал има 1300 врвови од кој што само на 326 беше дозволено да се качува. Ова е потег на Владата кој со нетрпение се чекаше од 2004 година кога и беше направено последното проширување на листата на врвови кој се дозволени за искачување. 

Два од овие 165 девствени врвови ги носат имињата на првите искачувачи на Еверест, а тие ќе се викаат Hillary Peak (7681 м.н.в) и Tenzing Peak (7.916 м.н.в). Владата исто така размислува да даде имиња на уште два врва кои ќе бидат во чест на Морис Херцог и Луи Лашенал кои ја искачија Анапурна во 1950 година.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија