Нејмар е само еден од толпата повредени

Нејмар е само еден од толпата повредени на ова Светско фудбалско првенство во Бразил. ФИФА прави сериозна статистика, анализа и ангажмани на ваквите настани со цел да се намали бројката на повредени фудбалери.

Повредите се закана за кариерата на секој фудбалер и една од причините за неуспехот на националните тимови.

На Светскиот Куп во Јужна Африка 2010 година, сите репрезентации беа обврзани да принесуваат секојдневни медицински извештај преку нивните доктори.

Ова се резултатите, па проценете ја сериозноста на оваа светска манифестација…
– ФИФА центарот прими 229 извештај за повреди од кои 140 беа поврзани со временско отсуство од понатамошни активности во тимот, односно отсуство од тренинг или од натпревар.

– Осумдесет и две (82) повреди беа на натпревари, додека 58 на тренинзи.

– Од сите пријавени повреди 65% беа на официјални натпревари, а 40% на тренинзи.

– Најчеста причина за повредите се директните контакти со противнички играчи.

– Најмногу страдаат глуждовите и задните бутни ложи поради истегнување.

Во секој случај, анализите докажаа многу помалку повреди од предходниот Куп во 2006 година во Германија и тоа како резултат на подобра психофизичка спремност, современ пристап во тимската работа и подобра адаптација.

Строги судиски постапки без валкани дејствија, добра спортска култура и фер плеј се основните принципи на ФИФА при намалувањето на бројот на повредените фудбалери.