Недела на авантури – Македонија

К4Т и Mustseedonia почнувајќи од вчера и во наредните неколку дена се дел од можеби најважниот настан во областа на активниот туризам досега во Македонија.

Група од 20 интернационални медиуми и туроператори вчера преминаа од Албанија во Македонија на граничниот премин Св. Наум каде што ги пречекавме и на велосипеди продолживме до ресторан „Острово“ каде што имавме вечера за добредојде.

Во текот нa наредните четири дена ќе патуваме низ нашата прекрасна земја каде ќе се запознаат со локалната туристичка понуда и воспостават контакт во секторот туризам. Македонија е последната земја која групата ја посетува после Косово и Албанија како дел од двонеделната тура „Недела на авантури – Западен Балкан“.

Турата има за цел да го поврзе домашниот пазар за активен туризам на овие земји со туроператори од Северна Америка и Западна Европа, со цел привлекување на поголем број странски туристи.

Дел од учесниците се: главниот уредник на National Geographic Traveler, Keith Bellows; уредничката на Yahoo Travel, Jo Piazza; уредничката за југоисточна и источна европа на Lonely Planet, Brana Vladisavljevic и други влијателни медиуми од овој сектор.

Групата ќе ги посети Св.Наум, Охрид, Галичица, Преспа, Хераклеа, Дихово, Трескавец, Крушево, Маврово и Скопје. На 4-ти септември учесниците ќе имаат шанса да посетат и дел од останатите предели од Македонија, како локалитетот Кокино, Стоби и тиквешкиот регион.

Турата „Недела на Авантури – Западен Балкан“ е организирана од страна на Интернационалната Асоцијација за Активен Туризам во соработка со Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, Агенцијата за промоција и подршка на туризмот и голем број на бизниси од секторот туризам во Макдонија.

Покрај природните убавини групата ќе ужива во традиционалната македонска музика, храна и култура, но и ќе учествува во голем број на спортски активности како тандем параглајдинг, велосипедизам, искачување по карпи и планинарење.

Ете, имавме малку време додека си крстариме низ Охридско Езеро да ви кажеме кај сме и што работиме. Следна е Галичица и многу адреналин. Следете нè и на фб страната на karas4training.com за кратки апдејти и јаки моменти, а кога ќе се вратиме ќе споделиме многу повеќе.

Чао!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија