Remember,I ski for Alzheimer's

Не заборавај да скијаш

Во последните неколку години Пјер загубил неколку блиски роднини и пријатели поради Алцхајмер. Поттикнат од ова, тој наумил да го сруши рекордот во најмногу скијани вертикални стапки во една сезона, а со тоа сака да покрене хуманитарна акција за собирање на пари кои ќе одат за медицински истражувања на полето на оваа болест.

Под влијание на фактот што неколку негови блиски биле зафатени и починале од ова заболување Пјер решава да направи хуманитарна акција со што би се помогнало во полето на истражување на Алцхајмеровата болест. Со ова, тој чуствува дека некако ќе оддаде поголема почит кон сите засегнати, а и кон оние кои тој ги има изгубено.

Идејата е да се сруши рекордот во најголемата скијана вертикална дистанца во една сезона, околу 4,200,000 вертикални стапки и за секоја стапка да се соберат по 10 центи. Со ова акцијата би собрала 420,000 долари во текот на таа сезона, а средствата тој сака да ги даде во полето на истражување на Алцхајмеровата болест.

Доколку сакате да донирате тоа можете да го направите тука

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија