Не, не ве врти колено поради времето (или ХААРП)

Знаеме дека сте убедени дека вашата стара повреда на коленото, здрвениот врат или ишијас се сигурно поврзани со ХААРП-от и променливото време, па секојпат кога истото почнува да се менува сите клетви ги фрлате по него. Сепак, една студија од Австралија во два наврати вели дека времето нема никаква врска со вашиот коскено-зглобен систем, туку, дека се е до главата… 

Во две поголеми студии правени на еден институт во Сиднеј, докториве решиле да ги анализираат извештаите добиени од повеќе од 1300 луѓе со некаков тип на коскено-скелетни болки или претходни повреди со времето (прогнозата), чисто интересирајќи се дали навистина промената на времето влијае врз појавата на болка на специфичните регии. 

Во првата студија тие ги искористиле извештаите добиени од 981 пациент за појавата на акутна болка во половината и истите ги споредиле со временската прогноза за двата дена кои претходеле, како и со деновите после тоа. Од сите метеоролошки параметри, единствено зголемувањето на температурата било позитивно поврзано со зголемување на болката, но тоа било толку минорно што статистиката го смета за неважно. 

Во втората студија, 345 пациенти со остеоартрит биле следени во текот на три месеци каде секои 10 дена тие давале соодветни бројки на одредена скала за нивата болка во зглобовите. По три месеци, извештаите биле споредени со прогнозата каде повторно не била пронајдена корелација.

Најинтересното е тоа што овие студии т.е. нивните резултати се јавуваат наспроти други претходни анализи кои веќе го имаат потврдено овој феномен (мани друго, но и ние луѓето сме целосно сигурни дека времето ИМА врска со болките во телото). Сепак, еден од научниците објаснува дека во претходните постари истражувања биле вршени по доста неточен метод земајќи ги предвид субјективните мислења на пациентите за тоа дали времето им делува на потенцирање или појавување на болката. 

Забелешка: Студиите ја анализираат поврзаноста на појавата и егзацербација на мускулно-скелетни болки и промената на времето и не влегуваат во доменот на МЕТЕРОПАТИЈАТА кој во глобални рамки е познат ентитет и се опишува со повеќе различни симптоми. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија