Наслов

Не, не трчате побрзо навечер

Ако случајно на некој од вас му се причинило како да трча или вози велосипед побргу од кога го прави истото во светлите делови од денот, нема врска. Перцепцијата лаже.

Се работи за феномен што се нарекува оптички проток (optic flow) или како што научниците го дефинираат, феномен кој креира перцепција за движењето на човекот релативно на она што не опкружува.

Во превод ова значи, далечните објекти кои ги гледате за време на движењето ви изгледаат дека споро се поместуваат како што трчате спрема нив, за разлика од оние што се блиску до вас, како дрва и грмушки, кои брзо ги одминувате.

И што ова има врска со трчањето или џогирањето во темница и брзината со која мислите дека се движите?

Според овие информации кои мозокот ги добива од околината, тој ја процесуира и „одлучува“ брзината со која се движите (или барем мислите дека се движите).

При трчање (или возење велосипед) во ноќен период луѓето подобро можете да ги забележат блиските објекти (наспрема далечните, кои се во темница) кои побрзо се движат во однос на нивниот поглед, па затоа имаат чувство дека се движат побрзо, иако брзината воопшто не се разликува од онаа при трчање дење.  

10 Јули 2013

За авторот