Џабе гризете, скоро и да нема злато

Ако пратите Олимпијада деновиве скоро 90 посто од случаевите при делење на медалите на подиум се овековечени со класичната „гризни го медалот” фотка. Од каде искочи оваа навика? 

Постојат неколку причини зошто најголемиот дел од декорираните Олимпијци обожаваат да се фотографираат со медалот помеѓу нивните заби. Иако истите не се изработени од чоколадо, туку од навистина тврда легура која патем е потврда од забниот емајл (глеѓ), сепак, најголемиот дел од спортистите на подиумот несвесно ја гаат оваа традиција. 

Некои извори велат дека во минатото кога монетите практично биле златници, луѓето често го користеле медотод на прегризување за проверка на валидноста на парите, бидејќи златото е доста мек метал и секое прегризување остава мали вдлабнатини во површината на металот. Оваа приказна се поврзува и со денешните Олимпијци, но реално, вистината е далеку од тоа. 

Најголеми „кривци” за овие фотографии се токму фоторепортерите кои намерно им кажуваат на победниците да ја направат оваа поза бидејќи излегуваат интересни фотографии. Во скорешната историја на олимпијадите овие фотографии се некаков вид на опсесија или едноставно навика на дел од репортерите кои се главната причина за истите. 

Покрај ова, сигурно Олимпијците не би ја проверувале „чистотата” на медалите со древната метода, најпрво заради тоа што денешниве медали се камен тврди со што дури и би можеле да си ги оштетат забите доколку пробаат да прегризат. На страна од ова, медалите се изработени од само 1,34% злато. Најголем дел од легурата (93%) е од сребро, а остатокот е бакар. 

Оваа година, медалите во Рио се направени од рециклирано сребро со што се вели дека досега тие се „најеколошките” медали на една Олимпијада. 

Во меѓувреме царот:

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија