На угор ница без мака

EGO Kit ги разбра маките на маунтбајкерите, нели, сепак не вреди да ти излезат ѕрцките еден час, а да уживаш само 5 минути, математички не оправданото, ЕGO Kit го разреши со електричен мотор кој може да се додаде на било кој планински велосипед. 

Вака зависниците од адреналин ќе можат да се предозираат неколкукратно без многу усилби. EGO Kit функционира на 48 ватна литиумска батерија која се полни за час и половина а може да издржи во просек возење од околу 40 километри, во зависност од многу теренски фактори.

Моторчето ви дава можност да одберете неколку модови со кој ќе ви го олесни искачувањето.

Користејќи го само електричниот мотор, велосипедот може да развие брзина и до 70 километри на час. Во пракса, во 80% од случаите се покажало дека EGO KIt совршено функционира на стрмните ридови, иако сепак тоа зависи од вештините на возачот.

Моторот се монтира на дното од рамот на велосипедот, а е компатибилен на 70% од рамовите на планинските велосипеди. 

EGO KIt тежи само 4,4 килограми и неговата функционалност ќе ја видите на видеото.