Нашите кајакари со успех на отвореното првенство на диви води во БИХ

Македонските кајакари на диви води настапија на Отвореното првенство во Босна и Херцеговина кое се одржа од 15-16ти октомври 2016 година.

Учество земаа четворица кајакари во состав Љубомир Спасиќ, Атанас Николовски, Виктор Миланов и Христијан Игнатов.

Во дисциплината Слалом која се одржа на 15-ти во сениорска конкуренција Атанас Николовски заврши како 2-ро пласиран додека Љубомир Спасиќ како 3-то пласиран.
Во тимско возење во сениорска категорија во состав Спасиќ-Николовски-Игнатов го освоија првото место.

Во јуниорска конкуренција учество земаа Игнатов Христијан кој беше третопласиран и Виктор Миланов кој заврши како петти.

На 16-ти се одржа натпревар и во спуст каде учество зема само Љубомир Спасиќ кој во дисциплината Спринт беше првопласиран додека во Класик заврши на второто место.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија