Нашето знаме на кровот од Африка (*дополнето)

Повеќе македонски планинари овие денови од две различни рути го искачија највисокиот врв во Африка – Ухуру 5.895 м.н.в. на Килиманџаро. 

Во две различни експедиции кои го качуваа кровот на Африка од различни патеки, овие денови успеаја да се искачат.

Во едната, Живко Темелковски (лидер и водич на експедицијата), Илија Белевски, Катица Борисовска, Виктор Калаузи, Александар Николовски, Димитар Малиновски, Иван Трпков, Игор Стојковиќ и Искра Лазарова. Тие беа во мешани експедиции заедно со други балкански планинари, а искачувањата го направија по рутата Марангу, а оваа експедиција беше под покровителство на Федерација на планински спортови на Македонија.

Во одделна експедиција која одеше по рутата Мачаме се искачија Тодорче Ѓоргиев (организатор и водич), Стрезовски Горан, Поповски Димитар, Љупчо Ѓоргиев и Бошковска Наташа.

Им честитаме на сите планинари во експдициите и им посакуваме среќен пат кон Македонија.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија