Најважната работа која не ја знаете за сонот

Кога мислите дека веќе се сте слушнале околу спиењето, неспиењето и дремкањето, всушност не сте ја слушнале можеби најважната работа за оние 8 часа…

“Во модерото општество сонот не се цени” – вели Д-р. Џејмс Мас и додава – “Мислиме дека е мачо да се функционира со малку сон, но овој начин може да доведе со сериозни последици по здравјето”.

И навистина, колку Вие го цените сонот?! Во модерното општество, кога секогаш сме во брзање, се обидуваме да изработиме и заработиме што е можно повеќе, кога постојано сме обврзани со рокови, некои од нас работат и по две работи, некои имаат деца за чување што понекогаш му доаѓа исто како полно работно време, најлесно е да се скрати од спиењето.

Но импактот врз здравјето, особено ако не го добивате потребниот сон долгорочно има застрашувачки последици. Научниците го истражуваат линкот помеѓу ракот и неспиењето и иако студиите се уште се спроведуваат, една работа е прилично јасна. Многу сон го намалува ризикот од рак. Ова важи и за ракот на простата кај мажите, каде оние мажи кои имаат проблем со спиење и ‘рчење имаат и поголем ризик, но не се изоставени и жените. Имено ракот на дојка е многу поагресивен кај оние жени кои спијат помалку од 6 часа.

Се смета дека тука главна улога игра мелатонинот. Овој хормон се лачи од епифизата ноќе додека спиеме и помага во регулацијата на ноќно-дневниот циклус. Се смета дека мелатонинот ги блокира факторите кои доведуват до појава на туморски раст.

Настрана од ракот, неспиењето или малку сон доведува и до низа други хронични заболувања. Во една студија, направена на 30.000 испитаници, оние кои спиеле помалку од 5 часа имале двоструко поголем ризик од појава на срцеви заболувања. Причината лежи во тоа што малку сон доведува до пореметување на метаболизмот на глукозата, намалување на инсулин сензитивноста, зацврстување на ѕидот на артериите и покачен крвен притисок. Освен проблеми со срцето, може да дојде и до појава на дијабетес тип 2.

Околу тоа колку сон е потребно, научниците не заземаат дефинитивен став. Со сигурност пострашно е да не се наспиваме отколку да преспиваме. Сепак потрудете се да добиете околу 7-9 часа сон секојдневно, за здравје, но и за убавина и бистар ум.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија