Најуспешните спортисти на Македонија за 2012

Оливера Наковска-Бикова и Наумче Мојсоски беа прогласени за „Спортисти за 2012 година” на Македонија во изборот на Сојузот на спортски федерации на Македонија и Агенцијата за млади и спорт.

Златната параолимпијка Оливера Наковска-Бикова беше избрана за најдобра спортистка на Македонија по нејзиниот одличен настап на параолимписките игри во Лондон каде освои златен медал и постави нов светски рекорд во 10 метри воздушен пиштол.

За најдобар пак спортист беше избран Наумче Мојсоски кој е член на Металург, а на Европското ракометно првенство заедно со нашата репрезентација го освои петтото место.

Најуспешен млад спортист за 2012 е Димитар Ѓорѓиев (кик бокс), а најдобра спортистка е Симона Заборска (карате).

Бранимир Јовановски (стрелаштво) е прогласен во категоријата најуспешен тренер/селектор, додека Кирил Лазаров е најуспешен македонски спортист во странство.

Македонската машка и женска репрезентација ги добија почестите за најуспешни селекции.