Aлекс, магнезиум карбонат и стена

Алекс Хонолд е 28 годишно затворено и срамежливо типче кое единствено нешто што го интересирало и сè уште го интересира во животот е алпинизмот. Баталил школо, и почнал да се занимава со она што се занимаваат само 1% од сите алпинисти на светот, слободно соло качување и тоа по кошулче.

Сега тој живее во неговото комбе со кое патува на различни дестнации (најчесто во Америка) каде наоѓа различни локации за качување. Тој ги има направено едни од најголемите достигнувања во алпинизмот, а несомнено во слободното соло качување каде алпинистот не употребува било каква опрема освен неговото тело.

Моментално држи бројни брзински рекорди во соло качување како Triple crown, The Nose (El Capitan) и е единствениот што ја качил северозападната страна на Half Dome на ваков начин. Инаку сите стени се сместени во националниот парк Јосемити.

Според Џон Лонг најголемото достигнување на Алекс е тоа што е жив.

Одвојте 15 минути за нешто што ретко некој го прави!