Најлесните педали

Дури и да не сте страстен велосипедист сигурно знаете дека најдобрите педали за велосипед се познати како clipless pedal systems, односно педали со механизам за прицврстување на предниот дел на стапалата со педалите, користејќи специјални обувки со специјален додаток монтиран на дното. Истите се еден вид подобра алтернатива за ремени кои спречуваат лизгање на ногата.

Велосипедите со ваков систем на педала ја имаат стекнато популарноста уште во 80-те години и од тогаш компаниите кои произведуваат компоненти за велосипеди се трудат да ги направат педалите што е можно полесни и поедноставни. Во ноември 2012 година, нови педали со поинаков дизајн и практичност ќе излезат на пазарот, а ги произведува американската компанија Ultralite Sports.

Педалите се лесни, со нов систем за закопчување и тежат 112 грама, а во просек се за 100 грама полесни во споредба со другите педали. Компанијата веќе има произведено два модели од овој вид педали, Cirrus Ti- направени од титаниум и Nimbus St направени од железо кои се и малку потешки. Педалите ќе се продаваат по цена од 450, односно 315 американски долари.