Нај(к)рикет

Кога државата има над милијарда жители, а главен спорт е токму крикетот, секој тинејџер навлечен на спортот во 20те централни метри од игралиштето гледа место од каде може да му се исполнат сите животни желби…

На 22ри февруари оваа година Најки Индија ја започнува кампањата “Make every yard count” која што има потенцијал да го вметне секој млад индиски крикет играч во централното место на рекламата (барем за момент).

Филмот е креиран заедно со голем дел од потрошувачите преку онлајн партиципација каде што секој крикет играч, во трите различни категории од играта (фрлач, удирач и играч во поле) имашеможност да испрати свои три континуирани слики од одредена акција фатени од одреден агол. 

Кампањата која беше водена преку Твитер успеа да собере 225,000 слики од најразлични играчи низ цела Индија, за потоа, агенцијата која го изработуваше видеото да одбере 1440 од нив и да склопи едно континуирано видео од 80 секунди каде што е прикажана една кратка партија.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија