Најки ќе шитка од рециклирана продавница

Гигантот за спортска опрема веќе некое време е вклучен во разни проекти на рециклирање, а досега дури и има направено патики од целосно рециклиран материјал. Епа сега си направи цела продавница од ЦД-а, лименки и пластични шишиња.

Во 2008 година Најки се покажа како еко-френдли и ги извади NIke Talks Trash, први професионални кошаркарски патики направени од отпад, а оваа година во Шангај пресекоа лента на цела продавница изградена од рециклирани материјали.

Продавницата X158 Hyper Nature е стационирана во Шангај, а проектот е формиран од дизајнерската куќа Miniwiz во чија што позадина стојат доста познати еко структури (како оваа). Изградена е буквално од ѓубре. 5,500 лименки, 2,000 пластични шишиња и 50,000 ЦД-а и ДВД-а беа искористени за нејзиното градење.

Она што е интересно е адаптабилниот „суспендиран“ таван направен од ДВД дисковите, а во ниедно ќоше нема ни грам лепило бидејќи сите спојки се механички, а со тоа целиот систем може да се демонтира и рециклира во било кое време.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија