Најчудните маратони на планетава

Некогаш, 42 километри се доволно досадни на рамно, па луѓево си рекле дај да ги зачиниме со разно-разни будалштини. Еве ги најчудните 10 маратони кои можете да ги трчате. 

1. „Човекот против коњ” Маратон

Се одржува некаде во Велс во јуни месец, а приказната започнува кога двајца луѓе се препирале околу тоа кој ќе заврши еден маратон побргу, човекот или коњот. Ако мислите дека го знаете одговорот читајте до крај. Имено, газдата на пабот каде што се случил разговорот помеѓу овие двајца решил да го направи овој тест. 

И така се родил Маратонот Човек против коњ. Во првите 24 години од неговото одржување победник бил коњот, се додека не дошол Хав Лоб, профи маратонец кој бил прв човек што го победил коњот во еден маратон.

2. Тензинг Хилари Еверест Маратон

Како еден од најтешките и најавантуристичките маратони на светот се смета токму маратонот на Еверест каде што учесниците честопати имаат потешкотии да стигнат до самиот старт, а не па до финишот. 

Поради самата висина на локалитетот каде што се одржува натпреварувачите треба да пројдат низ неколку недели аклиматизација и сериозни тренинзи за да го завршат. Нормално, најчести победници се Непалци.

3. Ле Маратон ду Медок – Le Marathon du Medoc

Се одржува некаде во околина на Бордо и во прав француски стил овој маратон нуди дегустација на различни вина од регионот од неговиот старт до финишот. Има и мезе, да. 

Временскиот лимит на маратонт е 6 часа и 30 минути така што натпреварувчите имаат бајаги можност за фина дегустација

4. Севернокорејскиот Маратон

Се одржува во Пјонгјанг, започнува и завршува на стадионот Ким Ил Сунг и нормално е во негова чест. Се смета за еден од најзатворените маратони кој до пред некое време не дозволуваше натпреварување на странци, но еве веќе втора година тоа не е така т.е. може да учествуваат и луѓе од страна.

5. Буро дејс Маратон –  Burro Days World Championship Pack Burro Race

Значи, овде се наптреварувате во партнерство со натоварено магаре, па мислете му ја кој ќе биде потврдоглав. Маратонот е целосно против користењето на било какви лоши методи на убедување на вашиот партнер и тоа може да ви значи и дисквалификација. Инаку, не е дозволено јавање на магарето туку само водење или терање – како беше онаа – нит се води, нит се тера?

Инаку магарето е натоварено со 15 килограми рударска опрема и парот има лимитирана вода и храна за време на маратонот.

6. Маратонот „Големата Петорка”

Ако не ви е доста од магариња и коњи тогаш за вас е маратонот „Големата петорка” во Африка каде трчате низ саваната во која слобдно шета цела афричка фауна вклучувајќи ја и големата петорка – слонот, еднорогот, бафалото, лавот и леопардите. 

И да, ништо (физички) не ве одделува од животните бидејќи и вие сте животно!

7. Полноќниот сончев Маратон

Се одржува на полноќ во Тромсо, Норвешка ама поради тоа што во Тромсо во Јуни сонцето не заоѓа, вечерната трка всушност се одвива на дневна светлина. 

Колку ли е саатот?

8. Волт Дизни Маратон

Перфектен за големите деца. Секој натпреварувач што ја завршува трката добива медал Мили Маус. 

9. Маратонот на Кинескиот ѕид

Минува низ прекрасните предели на провинцијата Тијанџин но вистинската драма е кога ќе треба да ги истрчате шесте километри од самиот Кинески ѕид кој е зачинет со 5000 скали. 

10. Маратонот на Северниот пол

Се одржува некаде во април, ама тоа не значи дека е непшто потопло. Длабоките минусни температури се вообичаени и ова се смета за еден од најтешките маратони на светот.

извор

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија