На менито имаше баскет!

Во организација на „Менитоо” се одржа првиот супер-атрактивен “Streetbasket” турнир на спортските терени во склоп на средното училиште „Орце Николов” – Скопје, настан кој исто така беше помогнат од популарниот спортски центар „Форца”.

Топлото време и високите температури не ги спречи ниту учесниците и ниту гледачите да дојдат во голем број и да поминат еден незаборавен ден исполнет со многу натпревари во една силна конкуренција и исто така сите присутни се потрудија денот да помине во знакот на забавата исполнета со многу позитивни вибрации.

Освојувачи на првиот “Menitoo Street Basket” е екипата на „Баду” која во финалето успеа во многу тесна борба која се одвиваше до самиот крај да ја совлада екипата на „ГЕС”, која пак во текот на турнирот покажа дека заслужено се најде во финалето, а додека третото место го освои екипата на „Пензиониери”. Tоплото време не успеа да ги спречи младите кошаркари да ја разгорат битката уште на самиот почеток за освојување на турнирот. Музиката и ладното освежување беше од голема помош да се помине овој ден во еден многу интересен и супер организиран турнир од страна на „Менитоо” кои се потрудија да обезбедат и вредни награди за победниците.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија