Мускули за деца, ама и за возрасни

Кога седнуваш во автомобил, го врзуваш појасот, пред да седнеш на велосипед, го ставаш шлемот, ама кога влегуваш во вода, ти немаш ништо што би можело да спречи евентурална несреќа. Овој мал гаџет веруваме дека ќе стане стандардна безбедносна опрема за повеќето водени спортови. 

 

Малите деца за време на нивното пливачко учење ги користат мускулите и гумата како помошни средства кои им помагаат да останат на површината на водата додека не го усовршат пливањето.

Но сепак, колку и човек да е спремен и искусен во водената средина во одредени услови може да се случат незгоди и несреќни ситуации кои можат да го загрозат живото на луѓето. Излегувањето на отворено море или езеро е секогаш придружено со можноста за мускулни грчеви, силни струења на водата, истоштеност и неможност да се вратиш на копно, брод или даска кои можат да завршат и трагично.

Токму поради оваа причина Том Агапиагес, човекот што има изгувено негов пријател во давење во езеро започнал на пронаоѓање на Кинџи, минијаурна верзија на мускул за пливање кои самиот се надувува и може да служи како итен случај при вакви незгодни ситуации.

Единствено што треба вие да направите е да го имате закачено на вашиот рачен зглоб, нешто слично како часовник и да уживате во водените лудории. Доколку недај боже се случи ваква незгода (колку и таа да звучи невозможно да се случи) единствено треба да ја свртите рачката и перничето самото се пумпа со гас одржувајќи ве на површината.

Кинџи тежи само 130 грама со што скоро и нема да го осетите на раката, а истото може да спаси возрасен човек. Сепак, главната таргет група на овој производ се токму малите деца кои штотоку научиле да пливаат но се уште немаат доволно искуство како и оние луѓе кои штотоку учат па ова им дава дополнителна безбедност.

Тука се и сурферите кои како спортисти се под голема опасност особено при поголемите бранови.

Во сетот на Кинџи кои во стои на раката покрај перничето и патронот кои се полни повеќе пати има вклучено и мал компас како и свирче за давање на соодветен знак за вашата позиција.

Типциве веќе имаат пуштено акција (краудфандинг) за собирање на донации т.е. предвремено купување на продуктот со што би се собрале одредена сума на пари за да се отпочне масовно производство и од побараните 65.000 долари тие веќе имаат собрано 600.000 долари. Ете толку многу производов им се има допаднато на луѓето.

Кликајте ТУКА

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија