Наслов

Муабет со најстариот маратонец на светот

Најстариот маратонец на светот, кој оваа година на 102 негови се откажа од натпреварувачкото, но не и од рекреативното трчање раскажува за неговите 14 години поминати со овој спорт, кои го одржале во живот.

Фауџа Сеј е британскиот маратонец со индиско потекло кој го држи рекордот за трчање на маратони во старосна група. Активно трчаше до неговата 102ра година, кога се повлече од натпреварувачкиот дух, но се` уште е активен на рекреативното поле.

Неговото најдобро време, а воедно и рекорд за 90+ луѓе е 5 часа и 40 минути остварено на маратонот во Торонто на негови 92 години. Прочитајте еден краток муабет со The Running блогот објавен на Гардијан за неговото животно искуство.

  • Јас сум физички активен, одам, џогирам и трчам најмалку четири часа на ден. Во минатото повеќе трчав, малку џогирав и одев. Сега е целосно обратно. Кога не можам да рекреирам поради лошо време или патување, надокнадувам кога се враќам на старата рутина. Тоа ги одржува моите тело и дух активни.

    Последната трка беше 10К во Хонг Конг во Февруари каде што паднав. Успеав да се вратам и го ја завршив трката пет минути побрзо од претходната година. Беше фантастична трка. Како што ја поминав линијата сите аплаузи ме расположија и направија среќен. Воедно, сфатив дека тоа е мојата последна трка.

    Моето тело не е толку силно колку порано. Уживав додека бев во врвот на мојата форма, иако не беше лесно да се остане на врвот. Но ја сакам таа дисциплина. Сега дојдов до моментот кога се соочувам со фактот дека повеќе не се натпреварувам.

    Но, правам напори да се одржувам на добро ниво. Се уште трчам дистанци, иако малку поспоро од порано. Трчањето беше начинот на кој Господ ми го одзема вниманието од страдањето поради загубата на мојот син и жена.

    Тоа ги превземаше моите мисли од време на време и беше начинот што ме одржува во живот, а јас сум благодарен на тоа. Немав идеја дека волку долго ќе живеам и дека волку многу ќе постигнам. Тоа не беше планот. Налетав на луѓе кои ми помогнаа да го одржам мојот живот и да извадам максимум од него.

    Од овие 14 години како трчам јас се уште имам полезности и добвки и имам можност да уживам во животот. 

Целиот разговор тука

18 Октомври 2013

За авторот