#МТДФЕ – облаци и дожд на Алпите – искачен Кол де ла Бонет

Лошо време, врнежи од дожд и снег и тешки услови ги следат нашите преставници на МТДФЕ…

Кратко инфо од нашите преставници на петтата по ред Тур Де Франс експедиција:

  • „Вчера го качувавме Кол дел Агнел. 50 километри пат го минавме за 12 часа, од кои последните 10 километри туркавме 3 часа. Од 2000 мнв влеговме во магла. Денеска го качивме Кол де Варс. Пак нè спука криза, ама ја пребродивме. 19 километри качувавме 6 часа.
  • На 19 јули го искачивме највисокиот планински превој во Европа – Кол де ла Бонет 2802 м.н.в. Членовите на експедицијата Боби и Тео го искачуваа преминот долг 23 километри со вкупна висина од 1850 метри 4 часа и 15 минути . Сега продолжуваме кон Гап каде треба да ја гледаме нашата прва Тур де Франс етапа” – пишува Слободан Трајковски

Само напред момци, ја имате цела поддршка од нас!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија