MOTO BEACH PARTY во Македонија

На 11 мај 2013 кај езерото Младост во Велес се одржа Moto beach party, најголемиот моторџиски настан во земјава.

Повеќе од 1000 мотори од целиот Балкан, нашата земја и од градот Велес се собраа на платото пред хотелот Романтик и со своето присуство го збогатија овој несекојдневен настан, градска и клубска гордост.

Благодарение на мото клубот „Носачи на крстот”, и Општина Велес како главен финансиер, овогодинешниот настан беше вистинско место за опуштање и забава за македонските моторџии. За музичкиот дел од настанот одговорни беа „Леб и Сол”, Давид Нешкоси трио, и неверојатниот Драган Б. Костиќ.