Moov – повеќе од обичен фитнес трекер

Кога технологијата влегува во домен каде обичното запишување на одредени (фитнес) информации од страна на парче хардвер со скап софтвер на раката не е доволно, настапува Мув (Moov), вашиот персонален тренер со артефициелна интелегенција. 

Во последните години на пазарот се појавија бројни фитнес алатки, часовници и апликации кои имаат за задача да ви ги следат и запишуваат вашите резултати, но според новата компанија во овој сегмент, Moov, едноставното запишување на податоци не е доволно, па тие се решија да понудат додатна мотивација за парите.

Двајцата основачи на Моов, Ли и Никола Ху (кој пред ова работеле како дизајнери за Епл) појаснуваат дека Моов трекерот на фитнес активност работи нешто слично како Нинтендо конзолата. Часовникот е центарот на конзолата преку која можете да се конектирате на различни апликации за трчање, пливање, вежбање во теретана и кардио. Активностите како велосипедизам и јога се во период на развивање.

Она што Моов го поседува за разлика од другите современи трекери на активност е тоа што има можност да ви биде ваш персонален тренер и мотиватор додека вежбате. Во апликацијата, внесувате одредени параметри според кои би сакале да го водите вашиот тренинг, пр. темпо на трчање, а потоа самата направа ве води низ тренингот, кажувајќи ви да побрзате, успорите, го продолжите чекорот итн.

Специфичната технологија во внатрешноста на часовникот е комбинација од магнети и

 

сензори за агли и гравитација според кои софтверот може да ги одреди сите овие параметри на човекот во движење и по потреба да ве корегира, водејќи ве низ тренингот.

Фирмата моментално собира пари преку нивната крауд фандинг платформа тука, а во моментов чини 60 долари.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија