МОК го помага развојот на младинското џудо

Младите македонски џудисти во интернационален камп на Меѓународната Џудо Федерација.

Македонскиот олимписки комитет (МОК) во соработка со Меѓународната Џудо Федерација (ИЏФ), обезбеди финансиска помош за Џудо федерацијата на Македонија, за учество на младите џудисти Арбреша Реџепи и Борче Ангелов, кои во придружба на нивниот тренер Горан Мицкоски, во периодот 17-23 Јуни учествувaа на џудо кампот на ИЏФ во Фиш, Швајцарија.

Главен предавач на кампот беше олимпискиот медалист и тренер, Сергеи Ашванден (6 дан). На овој меѓународен џудо камп, кој се простира на површина од 20.000 м2 и кој нуди и висока обука за тренерите, учество земаа околу 300 млади џудисти од целиот свет.

Оваа висока обука за нашите млади џудисти и нивниот тренер е повеќе од добредојдена, имајќи го во предвид предстојниот квалификационен период за освојување на норма за учество на младите македонски џудисти на младинските Олимписки игри кои ќе се одржат во 2018 година.