Многу луѓе наТочак

Ние гласаме од сега па натаму Критична да слави во најлош случај два родендени во годината, а колку повеќе толку подобро.

Пошто нашиов портал е некаде врсник со КМ Скопје (она е постара за некој месец) и пошто љубиме точак уште од кога памтиме за себе, таа спонтана и неформална собиранка која се формира со најубавата цел на светот ја сметаме за многу блиска. Уште па и кога им е роденден и кога има музиче, пиво, убај луѓе, многу точаци, разни точаци и паметни точаци што ги возат овие точаци.

Дарко рече дека сме се собрале над илјадарка вчера, а нема зошто да не му веруваме кога и самите видовте и на задник паднавте од толку многу луѓе сите наТочак. 

Среќен нека ни е роденденот на сите и едно големо браво за НаТочак за организацијата.

Дополнување: Абе малку касно ни текна, ама бар ни текна да го линкаме видеото од првиот роденден на КМ Скопје од минатиот мај, чисто да си се потсетите.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија